Торта Книга
Од повод, за повод. Идејата за сложување ја видов на нет, а составот сама си го осмислив. Оваа е мојата прва торта со фондан и иако можеби не изгледа најуспешно, јас сум си многу радосна на моето првенче =)
Цврсто се матат белките со прстофат сол и едно чајно лажиче винска киселина, меѓувремено постепено додавајќи го шеќерот. Со најмала брзина на миксерот се мешаат маслото и млекото и на крај со шпатула се вмешуваат брашното, пецивото и кокосот.
Смесата се дели на 3 дела и секој дел се печи во помалиот плех од шпоретот предходно обложен со пек-хартија. 3те кокосови кори ги оставаме на рамна површина.
Ги матиме и состојките од смесата за подлога и ја печиме во истата големина на плех.
Со дел од млекото ги разматуваме пудинзите и брашното, а останатото го ставаме да се загрее заедно со шеќерот. Жолчките ги матиме во крем и ги додаваме во загреаното млеко заедно со пудингот и брашното. Мешаме додека се добие густ крем.
Посебно го матиме маргаринот со шеќерот во прав и го додаваме во оладениот крем. Кремот убаво се мати до мазна компактност.
На крај го додаваме стопеното и малку подизладено чоколадо.
*Тука, можите мал дел од кремот да оставите бел и во него по желба да додадете бело чоколадо. Бидејќи ја покривав со фондан, кај мене тоа требаше за премачкување тенок слој одозгора, за да не се познава под облогата.
Филовање на тортата
2 од кокосовите кори ги премачкуваме со фил, ги посипуваме низ целата должина со потпечени мелени лешници и ги виткаме во ролат.
Кората за подлога исто така ја филоваме и ја посипуваме со лешници. Врз неа на лево и десно на краевите ги поставуваме кокосовите ролати. И нив ги премачкуваме одозгора со филот и покриваме со 3та кокосова кора.
Со останатиот фил (горе напомнав дека го оставив бел) во тенок слој ја премачкуваме целата торта, при тоа полнејќи ги одредените празнини кои настанале со редењето.
На крај, тортата можи да ја обложите со фондан или пак да ја премачкате со шлаг и да ја украсите по желба да изгледа како книга.
Лиценца: Сите права се задржани
А тортава изгледа фантастично. Пресекот особено ми се допадна :)))
Klara - preubavo iznenaduvanje mi priredi, odlicna torta, odlicno oformena, odlicno napisan receptot ... Da si mi ziva i zdrava! Cestitki - Cestitki!
Cestitki Klaricka!!!
Tortata e preubava i po sostav i kako e ukrasena! Bravo!!
И секако ... нека е среќна крштевката на Димитар, многу здравје и среќа :)
si napravila preubava torta, mnogu ubavo izgleda , a sigurno e i mnogu vkusna:)) cestitki za jubilejot, bravo 300 recepti ne se mala rabota :)))
Golemo bravo :)) ja prodolzuvame druzbata i ponatamu
Ti cestitam za jubilejniot recept, ne e ednostavno da se dostigni ovaa brojka... Bravo!!!
Тортата преубава,браво. !
Како и да е,една од работите која уште од почетокот кога се оформуваше страната , ме држеше да бидам активна и со рецепти и со коментари сето тоа време (а се уште немаше наградни игри : ) ) е запознавањето и дружењето со членките, на почетоткот и заедничкиот труд кој го вложувавме за да „втемелиме“ еден навистина добар сајт за рецепти на македонски јазик, кој ќе изобилува со преубави рецепти, дури и со авторски слики од истите. На секое подобрување, сите заеднички се радувавме и мотивиравме. Покрај вас се активирав во кујната со поголема страст, испробував новитети, се радував на секој успешен рецепт, на многуте испробани ваши рецепти, на дружењето кое го имавме меѓу нас, честа и задоволството да запознаам прекрасни личности, од кои и еден убав, добар дел на мое огромно задоволство ги запознав во живо и ги сметам за многу драги пријателки.
Ги ценам многу сите ваши коментари под моите рецепти,и пофалби и критики. Конкретно за овој 300ти рецепт мене вашите зборови, коментари ми значат најмногу и знам дека досегашниот труд не ми бил залуден. Ете, тоа ме прави најмногу среќна и задоволна : ) Ви БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ НА СИТЕ <3
Се надевам дека на ценетото уредништво нема да им „избега“ по кој знае кој пат и овој комантар, па еве се обраќам и кон нив :)
Е па драги уредници, се надевам дека ОВОЈ ПАТ КОНЕЧНО ЌЕ ГО ОТВОРИТЕ ОВОЈ РЕЦЕПТ И ЌЕ ПРОЧИТАТЕ. Сајтот е ваш, но доколку повеќе не ви требаат моите рецепти, па и коментари, би сакала ОВДЕ, ЈАВНО да се изјасните и да ми го ИЗБРИШИТЕ профилот. Во спротивно, јас исто така ЈАВНО овде се обраќам до вас: Јас ќе си продолжам на мојот профил, кој моментално содржи 301 рецепт, да си постирам повремено рецепти, но во иднина не сакам нив да ги вбројувате во било какви наградувања. Мене ми е доволно, ако некому се допанат од тие кои ќе ги отворат и прочитаат.
Со почит, Клара Босс
Uste ednas se nadevam deka se raboti za nenamerna greska ili propust i ako nekoj se pocuvstvuva navreden od mojot komentar neka me izvini.
Од срце се извинуваме, последниот месец работиме на многу работи, па екипата што редовно следи е проретчена.
Те сакаме, исто како и до сега!
Ве поздравувам и ви посакувам сите обавези кои ги имате со лес да ги извршите :)
клара бе!
абе клараааа!!!
да не те остави човек во кујна. си мислев ти си ми друшка, исто готвиме (фушерски и мрзливо), ама (запејува)ааа и, ти ме изневјереери :) :) :) :)
браво женка, лудило е тортава, а и што направи со 300 рецепти мајко мила :*
кога ќе дојдам кај тебе не мора сите 300 да ми ги спремиш :) :) :) :)