Испечати

Торта Книга

Торта Книга

Состојки

  • - за 3 кокос кори -
  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 1 чајно лажиче винска киселина
  • 5 лажици масло
  • 5 лажици млеко
  • 6 лажици брашно
  • 1 чајно лажиче прашок за пециво (по желба)
  • 100 гр кокос
  • - за кора за подлога -
  • 3 јаца
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици млеко
  • 6 лажици брашно
  • 1 ванила шеќер
  • 1/2 прашок за пециво
  • - за крем -
  • 12 жолчки
  • 15 лажици шеќер
  • 3 пак. прашок пудинг од ванила
  • 3 лажици брашно
  • 1,5 литар млеко
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 гр чоколадо
  • - уште -
  • 150 гр потпечени крупно мелени лешници

Подготовка

Од повод, за повод. Идејата за сложување ја видов на нет, а составот сама си го осмислив. Оваа е мојата прва торта со фондан и иако можеби не изгледа најуспешно, јас сум си многу радосна на моето првенче =)

Цврсто се матат белките со прстофат сол и едно чајно лажиче винска киселина, меѓувремено постепено додавајќи го шеќерот. Со најмала брзина на миксерот се мешаат маслото и млекото и на крај со шпатула се вмешуваат брашното, пецивото и кокосот.
Смесата се дели на 3 дела и секој дел се печи во помалиот плех од шпоретот предходно обложен со пек-хартија. 3те кокосови кори ги оставаме на рамна површина.
Ги матиме и состојките од смесата за подлога и ја печиме во истата големина на плех.

Со дел од млекото ги разматуваме пудинзите и брашното, а останатото го ставаме да се загрее заедно со шеќерот. Жолчките ги матиме во крем и ги додаваме во загреаното млеко заедно со пудингот и брашното. Мешаме додека се добие густ крем.
Посебно го матиме маргаринот со шеќерот во прав и го додаваме во оладениот крем. Кремот убаво се мати до мазна компактност.
На крај го додаваме стопеното и малку подизладено чоколадо.
*Тука, можите мал дел од кремот да оставите бел и во него по желба да додадете бело чоколадо. Бидејќи ја покривав со фондан, кај мене тоа требаше за премачкување тенок слој одозгора, за да не се познава под облогата.

Филовање на тортата
2 од кокосовите кори ги премачкуваме со фил, ги посипуваме низ целата должина со потпечени мелени лешници и ги виткаме во ролат.
Кората за подлога исто така ја филоваме и ја посипуваме со лешници. Врз неа на лево и десно на краевите ги поставуваме кокосовите ролати. И нив ги премачкуваме одозгора со филот и покриваме со 3та кокосова кора.
Со останатиот фил (горе напомнав дека го оставив бел) во тенок слој ја премачкуваме целата торта, при тоа полнејќи ги одредените празнини кои настанале со редењето.
На крај, тортата можи да ја обложите со фондан или пак да ја премачкате со шлаг и да ја украсите по желба да изгледа како книга.