Торта Александар Велики
Со оваа прекрасна Божиќно - роденденска торта го прославивме полнолетството на мојот првороден син.
1. Белките цврсто се матат со шеќерот, па лесно со лажица се мешаат со бисквитите и оревите. Се пече во четвртаст плех, на хартија за печење (моето тавче е со димензии 25*37) во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Откако ќе се испече, се остава малку да се излади и се вади од хартијата. Така правиме со двете теста.
2. Млекото со шеќерот го ставаме да почне да врие. На страна издвојуваме малку од него, ги ставаме жолчките, брашното, густинот, малку од шеќерот и ванилата и мешаме до хомогена смеса. Кога млекото ќе почне да врие ја додаваме смесата со жолчките. Кога убаво ќе се згусне, со постојано мешање, го тргаме кремот и го оставаме да се лади покриен, за да не фати кора.
3. Путерот го матиме пенасто (претходно оставен на собна температура) со миксер, па полека додаваме од изладениот крем. На крајот ги додаваме мелените бисквити, оревите и сецканото чоколадо. Убаво промешуваме.
Редиме пандишпан, па целиот фил, па пандишпан. На крајот ја филуваме со добро изматена слатка павлака и украсуваме по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Tortata odlicna, kremasta, po moj terk...
п.с имам и прашање околу декоративниот дел, односно чоколадните форми? Што, како, колку :)
Имам пробано неколку пати да направам форми, но за жал неуспешно, т.е додека се во фрижидер си се на место, ама на собна температура не стојат, се топат многу брзо.
Од топено чоколадо ги правам формите, на коцки мраз ми се малите форми , а на мраз полутопка ми е големата форма на која се ставени бројките. Бројките ги правев на хартија за печење.
tortata e prekrasna