Торта Александар Велики
Состојки
- За еден пандишпан
- 7 белки
- 14 лажици шеќер
- 7 лажици мелени ореви
- 7 лажици мелени бисквити
- Се прават два вакви пандишпана
- За фил
- 1 литар млеко
- 14 жолчки
- 200 гр шеќер
- 5 лажици брашно
- 2 лажици густин
- 1 ванилин шеќер
- 250 гр путер
- 200 гр мелени бисквити
- 200 гр мелени ореви
- 200 гр сецкано млечно чоколадо
- 500 мл слатка павлака и продукти за украсување по желба
Подготовка
Со оваа прекрасна Божиќно - роденденска торта го прославивме полнолетството на мојот првороден син.
1. Белките цврсто се матат со шеќерот, па лесно со лажица се мешаат со бисквитите и оревите. Се пече во четвртаст плех, на хартија за печење (моето тавче е со димензии 25*37) во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Откако ќе се испече, се остава малку да се излади и се вади од хартијата. Така правиме со двете теста.
2. Млекото со шеќерот го ставаме да почне да врие. На страна издвојуваме малку од него, ги ставаме жолчките, брашното, густинот, малку од шеќерот и ванилата и мешаме до хомогена смеса. Кога млекото ќе почне да врие ја додаваме смесата со жолчките. Кога убаво ќе се згусне, со постојано мешање, го тргаме кремот и го оставаме да се лади покриен, за да не фати кора.
3. Путерот го матиме пенасто (претходно оставен на собна температура) со миксер, па полека додаваме од изладениот крем. На крајот ги додаваме мелените бисквити, оревите и сецканото чоколадо. Убаво промешуваме.
Редиме пандишпан, па целиот фил, па пандишпан. На крајот ја филуваме со добро изматена слатка павлака и украсуваме по желба.