По препорака на Лили, совршен рецепт за подготовка на свеж кадаиф за Велики поклади. Да го направиме адетот и нека е за многу години!

Подготовка:
1. Најпрво направете го шербетот. Во тенџере ставете го шеќерот, водата и лимонот и нека вари петнаесет-дваесет минути. Шербетот треба да е густ, но не многу, за да не зашеќери.
2. Кадаифот ставете го на некоја поголема табла, расчепкајте го да се одвојат конците и намрсете го со стопениот путер. Измешајте го убаво, да се натопат конците со путерот. Поделете го на два дела.
3. Тавата во која ќе го печете премачкајте ја со путер. Ставете ја едната половина од кадаифот. Почнете да го набивате притискајќи или со друга помала тава или ставете хартија па притискајте со раце. Тестото треба целосно да се стегни во еден слој.
4. Над првиот дел од тестото ставете ги оревите, па над нив другиот дел од кадаифот. Повторете ја постапката со стегање.
5. Рерната треба да е загреана на 170 степени. Ставете го кадаифот да се печи отприлика половина час. Потоа извадете го ставете преку него некој поширока тепсија, превртете го и вратете го назад да се допечи и од другата страна, пак отприлика половина час.
6. Се залива топол кадаиф, ладен шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови