Долум екмек кадаиф
Во тавата распоредете половина од резанците кадаиф. Посипете половина од сецканите ореви, па над нив другата половина од кадаифот и најгоре пак преостанатите ореви.
Растопете го путерот и прелијте преку кадаифот, па ставете го да се печи 10-15 мин на 180 степени.
Во меѓувреме спремете го шербетот, кој ќе го оставите да врие 10 мин. Тргнете го од оган и додадете го сокот од лимон.
Прелијте го кадаифот жежок.
Во друго тенџере ставете го гризот и млекото од кое предходно сте тргнале 6 лажици за растворање на пудингот да се варат со повремено промешување. Кога гризот ќе се згусни, додадете го шеќерот и растворениот прашок за пудинг.
Во готовиот крем додадете го сокот од лимон и маргаринот и убаво измиксирајте, па премачкајте го врз кадаифот.
Оставете да се здрви па премачкајте одозгора со изматена слатка павлака и врз неа наросете од сецканите ореви.
Лиценца: Сите права се задржани
mozebi nekogas na gosti kaj tebe:)