
12
фев
2014
Тестенини со цвекло и фстаци
Цвеклото се сецка на мали коцки и заедно со фстаците се ставаат во блендер. Се блендират додека се изедначат и се добие кашеста смеса.
Смесата се става во голема длабока чинија, се додава крем сирењето, сол и бибер по вкус и се меша.
Во меѓувреме се варат тестенините во посолена вода, се цедат и се додаваат во сосот од цвекло. Се додава путерот и убаво се мешаат.
Се служат одма посипани со пармезан.
Комбинацијата можеби ќе ви изгледа интересна, но доколку сакате цвекло еве ви предлог да пробате, може ќе ви се допадне.
Лиценца: Сите права се задржани