Чоколадна торта со фстаци
Припрема на тестото
Белките се бијат со миксер во длабок сад, постепено се додава шеќерот и ванилиниот шеќер. Убаво се бие да се добие цврст снег од белките.
Во најлон кеса за во замрзнувач се ставаат сите суви состојки /кокос, брашно, пециво и фстаците/. Се заврзува на краевите, па се протресува за да се соединат сите суви состојки.
Во изматените белки се додаваат сувите состојки и лесно се промешува со дрвена лажица или со пластична лопатака убаво да се соединат.
Плехот од рерната се намастува со малку масло, па се прекрива со хартија за печење. Смесата се истура во плехот и убаво се равни да биде рамномерно распоредена по целиот плех.
Рерната се загрева на 180 степени /ако обичен кекс печете на 200-220 степени, ова тесто се пече на 170-180 степени./ се става плехот и се пече се додека не се зарумени одгоре.
Печеното тесто извадете го од рерната и покријте го со платнена крпа да се излади.
Подготовка на кремот
Прашакот за пудинг помешајте го со шеќерот, па додајте ги жолчките и убаво помешајте да се добие фина кремаста смеса без грутчиња. Најубаво е да се измикса со миксерот. Малку од количина од млекото/од оние 750мл/ се додава во смесата малку да се разреди. Остатокот се загрева и се вари на вообичаен начин како што се вари пудингот.
Уште топол се додава чоколадото и се меша за да се растопи убаво и да се соедини.
Путерот измиксајте го убаво во бела кремаста маса, па кога ќе се излади пудингот се соединува со миксирање. Од путерот се додава лажица по лажица, кога ќе се додаде целата количина на путер се микса уште малку како би се изедначило убаво.
Подготовка на карамелот
На тивок оган, може и на пареа што е уште попрактично, се става слатката павлака со путерот и карамелите. Се вари се додека не омекнат карамелите и кога ке се помеша,треба да се добие кремаста леплива смеса. Се трга од огнот и се остава да се подизлади.
Печената кора се вади хартијата, па се дели на три кори во должина.
Секоја кора се мачка со карамел, ако карамелот е густ и не се мачка, се загрева и му се додава уште малку слатка павлака за да се разреди и може да се мачка. Се остава малку да впие кората. Од кремата со жолчките се оделува 1/4 за декорација, а остатокот се филуваат корите.
Готовата филована торта се украсува со шприц од страните со 1/4 од кремот што сме го оставиле. Горната површина на тортата се пополнува со дробениот фстак помешан со крупно ренданата чоколада.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ми се мотка и мене некој рецепт со фстаци низ глава, ќе видиме што ќе испадне :)))
п.с и јас сакам парче :)))
A za ona parceto ....ne se grizi ,ako i nema ke napravime cela ,no srisko ke stavam uste edno i za tebe...pozzzzz