Телешки ролат со бело вино, мед и сок од лимон
Во длабок сад ги ставаме медот и сенфот, ги налеваме виното и сокот од лимон. Се убаво мешаме додека се стопи медот, убаво се раствори сенфот, се добие еднолична смеса, зачинуваме со мешан сув зачин и црна пипер.
Парчето удина го засекуваме на неколку пати, за да добиеме што поголема површина и преку најлонска фолија со дрвено чеканче го чукаме, што потенко. Убаво го посолуваме од двете страни.
Во огноотпорен сад ставаме две парчиња алу фолија. Го ставаме месото, отворено, го поливаме со дел од маринадата, го преклопуваме и поливаме со остатокот од маринадата. Го завиткуваме убаво со фолијата и го оставаме во фрижидер да преноќи или барем да отстои најмалку 6 часа.
На работната плоча ставаме повторно две парчиња фолија. Врз нив го отвораме месото. Ги редиме лентите сланина, па кашкавалот, па пршутата и печурките. Со помош на фолијата виткаме ролат. Со чепкалки ги затвораме краевите. Префрлуваме во огноотпорниот сад. Го полеваме ролатот со вжештено масло. Завиткуваме и обликуваме убаво со фолијата. Во садот налеваме вода, нека има колку еден прст во висина од дното.
Ролатот е готов за печење и се тава во загреана рерна да се пече околу 3 часа на 200 Ц. степени. Пред самиот крај, ја расекуваме фолијата, го отвораме, редиме неколку ленти пршута и кашкавал. Враќаме во рерна за запечи тоа и ролатот порумени.
Пожелно е ролатот да излади, па да се сечи, но тоа, за кој има трпение...Кај нас се дегустира топло....
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Reklamata mi se bendisa, svetulka.... :-)