8
сеп
2012
Телешки гулаш
1. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го во тенџере со масло да се пржи колку да омекне.
2. Додадете го на коцки исеченото месо, измешајте и пржете ги заедно неколу минути мешајќи да не загоре.
3. Потоа додадете ги исецканиот морков, лукчето, излупениот исецкн домат, пиперот, ловоровот лист, биберот, вегетата и солот и измешајте.
4. Додадете ги виното и водата, покријте го тенџерето со капак и оставете го да вари на тивок оган 2 саати додека месото не омекне и сосот не се згусти.
5. Готовиот гулаш послужете го топол со пире или варен ориз, наросен со сецкан магдонос.
Пријатно јадење!
Лиценца: Сите права се задржани