1
мар
2012
Телешки стек
Месото (бифтек) се сече на 4-6 парчиња, се посолуваат со сол, црн пипер и ситно истолчен лук, се залеваат со масло за готвење. Ги ставаме во фрижидер да одстои 24 часа.
На масло за готвење се пропржуваат 3-4 главици кромид да добие жолтеникава боја, се додаваат и шницлите да се пропржат со кромидот. Сето тоа се динствува на тивок оган со додавање малку вода.
Откако ќе биде готово врз секоја шницла се става по едно јајце, да се свари но да не биде тврдо сварено.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови
Имам чуено од месар дека кога се остава месо да преноќи во зачини, не треба да има сол (ниту вегета). Солта ја вади водата од месото, ппосле е посуво не толку вкусно. Требало да се остава да стои во кромид, лук, патлиџан, пиперки .... :)
Ете да се дообјаснам како што треба. Поздрав :)