Испечати

Телешки стек

Телешки стек

Состојки

  • 4-6 телешки стека
  • 3-4 главици кромид
  • 2-3 чешни лук
  • малку сол и црн пипер

Подготовка

Месото (бифтек) се сече на 4-6 парчиња, се посолуваат со сол, црн пипер и ситно истолчен лук, се залеваат со масло за готвење. Ги ставаме во фрижидер да одстои 24 часа.
На масло за готвење се пропржуваат 3-4 главици кромид да добие жолтеникава боја, се додаваат и шницлите да се пропржат со кромидот. Сето тоа се динствува на тивок оган со додавање малку вода.
Откако ќе биде готово врз секоја шницла се става по едно јајце, да се свари но да не биде тврдо сварено.