Чоколатцава се многу блиску до оригиналот. Децата кај мене дома беа воодушевени.
Подготовка
1. Пенасто ги матиме путерот и шеќерот. Потоа го додаваме брашното и мешаме, ама на најслаба брзина на миксерот. На тавче ставаме алуминиумска фолија која ја намрсуваме. Го расплескуваме тестото и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Го оставаме целосно да се излади.
2. Карамелите со слатката павлака ги ставаме во стаклен сад, во микро печка да се стопат. Прво ги ставаме на 30 секунди, промешуваме и повторно во микро и така 4-5 пати, целосно да се стопат, за да се добие една хомогена смеса. Можете и на рингла на најтивко да ги топите или пак на пареа.
Го истураме карамелот врз тестото. Го оставаме час и половина во фрижидер убаво да се излади.
3. Откако ќе се излади бисквитот го сечеме на еднакви парчиња, штанглички и секое го потопуваме во растопеното чоколадо.
Чоколадите ги топиме на пареа, на најтивко на рингла или во микробранова печка (30 секунди, па промешуваме па повторно истата постапка 4-5 пати). Чоколатцата ги редиме на плех или на решетка и ги оставаме да се ладат 10 мин во фрижидер.

Немам никакви забелешки освен да ви препорачам да ги пробате. Мислам дека никогаш нема да купите вакво чоколатце...мммм.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани