Видео рецепт: Твикс чоколади
Денес ќе готвиме заедно со Теофанија, готвач член на нашата веб-страница. Теофанија ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Твикс чоколади.
Знаеме дека никој не може да одолее на чоколатца полнети со бисквит тесто и карамела. Сега може да ги подготвите дома и да бидете херој во очите на најблиските!
Подготовка
Чекор 1: Пенасто изматете ги путерот и шеќерот. Потоа додадете го брашното и промешајте на најслаба брзина на миксерот.
Расплескајте го тестото во Ростер тавата и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Оставете го целосно да се излади.
Чекор 2: Карамелите со слатката павлака ставете ги на ниска температура да се стопат. Повремено промешувајте, за да се добие хомогена смеса.
Истурете го карамелот врз тестото и оставете го во фрижидер убаво да се излади.
Чекор 3: Чоколадите истопете ги во чинија на пареа.
Откако ќе се излади бисквитот исечете го на еднакви парчиња со големина од околу 2 на 10 сантиметри. Секое потопете го од сите страни во растопеното чоколадо. Редете ги на хартија или на решетка, и оставете ги да се ладат во фрижидер додека да се стврдне чоколадото.
Чекор 4: Сервирајте ги во чинија и викнете ги децата!
СОВЕТ: Од оваа доза ќе добиете триесетина чоколади, па никој нема да остане гладен!
ТЕ САКАМ :) :) :) :)