Видео рецепт: Домашни Баунти чоколади
Фичо, заедно со неговата гостинка Валентина, готвач член на нашата веб-страница, ќе подготват еден од нејзините најпопуларни рецепти, Домашни Баунти чоколади.
Подготовка
Чекор 1: Во садот за сос загрејте ја слатката павлака. Додадете ги шеќерот и путерот. Мешајте додека не се растопи шеќерот. Додадете го кокосот и ванилиниот шеќер и убаво промешајте.
Чекор 2: Смесата ставете ја на даска, завиткајте ја во фолија и измазнете ја со сукало. Смесата треба да е со дебелина од 2 сантиметри. Оставете ја во фрижидер да се стегне. Потоа исечете ја на правоаголници.
Чекор 3: Во сад на оган растопете го чоколадото и премачкајте ги со четка сите коцки.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Преливот може да го направите со чоколадо по желба, но препорачуваме да ставите црно чоколадо, за подобро да се стегне.
Поздрав до екипата рецептот си заслужи и видео запис онака како што само Вале може да ни го долови...систер мајсторска презентација:):):)
Ти благодарам на коментарот и Простете ми сите што дури сега наоѓам време да ви пишам:)
да ослабам после ќе спремам! како што видов, ми личи како да ќе спремам дупла доза од старт :D :D :D :D
умрев од смеење кога на фичо му падна сукалото и ја гледаше вале дали ќе му здрви заушка :D :D :D :D