1. Во сад ставаме брашно правиме вдлабнатина ставаме 100 г. насецкан маргарин,2 жолчки,1 лажица какао,пециво и малку млеко или кисела павлака да добиеме глатко тесто.Одма го делиме на два дела и на набрашнета маса развлекуваме кора колку што ни голема тавата (кај мене 25 х 37 )Тавата ја премачкуваме со масло,ставаме брашно и ја ставаме првата кора внатре.
2. Белките добро ги матиме и малку по малку го додаваме шекерот да добиеме цврст снег. Внатре лажица по лажица го додаваме кокосот и се добро промешуваме.Смесата ја ставаме врз кората во тавата и добро израмнуваме со лажица.
3. На набрашнета маса развлекуваме уште една таква кора и ја ставаме врз изматените белки во тавата.Печеме во загреана рерна на 180 Ц. 20 мин.
4. ФИЛ* Жолчките пенасто ги матиме го додаваме пудингот и 100 мл.млеко и се изматуваме.Остатокот од млекото го вариме и кога ке се свари внатре се додава смесата со пудинг и на средна температура вариме густ крем.Кога е готов кремот го оставаме да се олади.
5. На страна матиме 150 г. маргарин и 100 г. шекер во прав,внатре го додаваме оладениот пудинг и се заедно матиме со миксер.
6. На оладените теста го ставаме жолтиот фил и ставаме во фрижидер да се олади околу 30 мин.
7. Колацот го поливаме со 150 г. стопено чоколадо или само со кокос

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови