Подготовка:

1. Пастрмките измиени и убаво исчистени ги посолуваме од двете страни и ги редиме во тава за печење.
2. Предходно во тавата ставаме хартија за печење и подлога од сечени кришки од јаболко.
Пастрмката ја редиме на кришките од јаболко и попрскуваме со зејтин. Додаваме сув зачин рузмарин и ловоров лист.
3. Рибата ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Послужуваме со чаша бело вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови