Јаболко
Хранливи вредности на јаболкото:
Вкусни и крцкави, јаболката се едно од најпопуларните овошја помеѓу луѓето посветени на одржување на здравјето и фитнесот, оние луѓе кои се водат според изреката: „Здравјето е богатство“. Ова овошје е незаменливо кога станува збор за одржување на доброто здравје бидејќи е преполно со хранливи фито-материи.
Антиоксидансите во јаболката работат во насока на одржување на доброто здравје и спречување на развојот на болести. Навистина, секојдневното јадење по барем едно јаболко е најдобриот чувар на здравјето.
Јаболката се раѓаат на дрво со средна големина, кое припаѓа на фамилијата rosaceae. Научното име на јаболкницата е malus domestica. Јаболкницата потекнува од планинските масиви во Казахстан, богати со минерали. Денес се одгледува во насекаде низ светот.
Јаболкото може да има овална или крушковидна форма, а лушпата може да има најразлични бои, во зависност од сортата. Внатре, сочната пулпа варира во бојата од валкано бела до кремаста, а според вкусот може да биде од благ до киселкаст.
Семките не се јадат бидејќи имаат горчлив вкус.
Постојат преку 100 сорти јаболка кои се одгледуваат низ целиот свет, без разлика дали како овошје за јадење или пак како состојка за приготвување бројни рецепти.
Здравствени придобивки од јаболкото:
- Вкусното и крцкаво јаболко е едно од најпопуларните овошја, кое содржи импресивна листа на есенцијални хранливи материи, кои се неопходни за нормален раст и развој, но и за општата здравствена благосостојба.
- Јаболката имаат ниска калорична вредност. Во 100 грама свежо јаболко има само 50 калории. Не содржат заситени масти и холестерол, а се богати со растителни влакна, кои ја спречуваат апсорпцијата на ЛДЛ холестеролот од храната во дигестивниот систем. Растителните влакна исто така помагаат во заштитата на слузокожата на дебелото црево од изложеноста на токсични супстанци, преку сврзување со хемикалиите кои предизвикуваат рак.
- Јаболката содржат солидна количина витамин Ц и бета-каротин. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да создаде отпорност кон разни инфективни агенси и да ги собере штетните слободни радикали кои предизвикуваат воспанија.
- Јаболката се богати со антиоксидантските хранливи фитоматерии флавоноиди и полифеноли. Целосната измерена антиоксидантска вредност на 100 грама јаболка е 5.900 ТЕ. Важните флавоноиди во јаболката се кверцитин, епикатехин и процијанидин. Јаболката исто така се богати и со тартарична киселина која им го дава киселкастиот вкус. Овие состојки му помагаат на телото да се заштити од штетните ефекти на слободните радикали.
- Дополнително, јаболкото е богат извор на витамини од Б-комплексот, како што се: рибофлавин, тиамин и пиридоксин (витамин Б6). Заедно, овие витамини служат како кофактори за ензими во метаболичките процеси, како и во разни синтетички функции во телото.
- Јаболкото содржи и мали количини на минерали, како што се: калиум, фосфор и калциум. Калиумот е важна состојка на клеточните и телесните течности и помага во контролата на работата на срцето и регулацијата на крвниот притисок, преку поништување на штетните ефекти од натриумот.
Избор и складирање
Свежите јаболка се достапни во продавниците во текот на целата година. Изберете ги свежите, цврти јаболка кои имаат богат вкус. Избегнувајте ги плодовите со дамки од притискање на површината, затоа што тоа е знак за зачеток на скапување на пулпата.
Свежите јаболка можат да се чуваат на собна температура неколку дена или пак во фрижидер од две до три недели. Измијте ги во чиста вода од чешма за да ги отраните остатоците од прав или пестициди.
Употреба во кујната:
Убаво измијте ги јаболката со чиста вода од чешма, за да ги отстраните сите остатоци од прав или пестициди. Отсечете го горниот дел со нож и пресечете го јаболкото на две еднакви половини. Извадете го јадрото со малите семки. Исечете го овошјето на парчиња или коцки според потребите.
Совети за приготвување:
- За да извлечете максимум од хранливите материи, јадете ги јаболката свежи со лушпа.
- Пресеченото јаболко бргу потемнува (ензимска дисколорација) при изложеност на воздух, поради оксидацијата. Ако треба да го сервирате на парчиња, набрзина потопете ги парчињата во вода и потоа попрскајте ги со неколку капки свежо исцеден сок од лимон.
- Густиот сок од јаболко е одличен пијалак за вечера.
- Јаболкото исто така се користи за приготвување џен, пити и овошни салати.
- Здравствено предупредување
- Екологистите предупредуваат дека јаболката се овошјето кое се одгледува со најголма количина пестициди. Најчестите пестициди кои можат да се најдат се: органо-фосфорни и органо-хлорни пестициди, како Перметрин и ДДТ. Поради тоа, се препорачува добро да ги измиете пред конзумирање.