Мрзлива пита со јаболко
Подготовка на тестото.
Во длабок сад ги матиме јајцата со шеќерот, солта, маргаринот и го додаваме млекото во кое сме го раствориле квасецот . Потоа го додаваме брашното и го месиме убаво глатко тесто.Го оставаме да отстои половина час.
За тоа време го подготвуваме филот.
Ги лупиме и рендаме јаболките, потоа во нив го додаваме шеќерот и оревите, циметот и мешаме да се изедначи смесата. Тестото го размесуваме и делиме од секој дел развлекуваме правоаголник со дебелина околу 1 см. Првата кора ја ставаме во намрсен плех потоа ставете го филот, па другата кора. Одозгор премачкајте со изматена жолчка и оставете да отстои 20 мин.потоа исечете ја и печете во загреена релна на 200степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови