Лименката со косовото млеко треба да е добро изладена во фрижидер. На пареа ставете го чоколадото заедно со кокосовото масло да се топи. Кога убаво ќе се растопи силиконски калапчиња со поголема димнзија убаво подмачајте ги на дното и од страните и ставете ги така да се стегнат во ладилник околу 20 минути. За тоа време истурете го изладеното кокосово млеко од конзервата и матете го со миксер на најголема брзина. Потоа додадете го агавиниот сируп, екстрактот од ванила и ренданиот кокос. Продолжете да матете додека смесата малку не згусне. Не очекувајте да се стегне како класичен сладолед, подоцна самата смеса убаво ќе се стегне во ладилникот.
Вака подготвената смеса ставете ја во калапчињата врз стегнатото чоколадо и повторно вратете го калапчето во ладилникот. Оставете да се стегне околу 3 часа. Послужете го ладно. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови