Посни баунти со нишесте
Прекрасни колачи, снежно бели и совршени за празнична трпеза. Подеднакво се убави и со вода, а кој сака може водата да ја замени со млеко.
Нишестето се вари во зовриената вода со шеќер и се остава да се олади. Маргаринот се мати со 2 лажици шеќер во прав и се додава кон варениот крем од нишесте. На крај се додава кокосот и убаво се замесува смесата. Треба да биде погуста.
Целата смеса може да се стави во калап, па да се сече на штанглички или дирекно во силиконски калапи обложени со чоколада.
Чоколадата се топи со 8 лажици зејтин и се премачкуваат калапите (2-3 пати по потреба), па се полнат со смесата и се оставаат да се изладат. Подеднакво се убави и со бела и со црна чоколада.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Драга Дани, мораме да напоменеме дека фотографијата е прекрасна.
Поздрав и имај убав ден :)
Site nie tuka zaedno naucivme mnogu raboti a kolacite bea tolku vkusni sto i aparatot gi ''sakase''
и вака да фотографираш од сега па натака ;)
кое е тоа бело чоколадо што е толку бело?
овие јас што ги користам се светло жолти (крева раменици) :) :) :) :)
Eve ovaa ubava fotka samo za tebe oti i ti bese od prvite koi mi pomognaa okolu fotografiite.
pozz i baknezi za malite:):)
ako se stavi vo kalap togas odozgora ke se prelie so cokolada i ke se sece na stanglicki no sepak za ovie kolacenca najubavi se vo positnite kalapcinja pozzz