Лиснат зелник (со нишесте и поинакво диплење)
Во подлабок сад, од наведените состојките замесете тесто. Префрлете на работната маса и продолжете со месење се додека не добиете убаво меко тесто. Оставете го да одмори.
Во меѓувреме подгответе го филот.
Предходно исечканиот спанаќ го обаруваме во тава со малку масло. Кога течноста ќе испари ја додаваме урдата, јајцата и посолуваме по вкус.
Тестото премесете го и поделете на 2 дела, од кои едниот е за малку поголем од другиот. Од првиот, поголемиот дел, исучете правоаголна кора, колку што е можно потенка. Целата површина премачкајте ја со половина маргарин и поросете со густин.
Кората поделете ја на 3 еднакви ленти. Почнете со превиткување на првата лента од лево кон десно(види слика). Кога ќе завршите со неа, поставете ја за 90 степени обратно врз втората лента,така што сега краевите да бидат во внатрешноста и продолжете со превиткување. Ставете,повторно обратно, врз третата лента и завршете со превиткувањето. Истата постапка повторете ја и со вториот дел. Вака добиените кори оставете ги во фрижидер на околу 30тина минути.
Од поголемиот дел расукајте правоаголна кора и ставете ја на предходно намастен плех. Распоредете го филот и прекријте со втората кора која убаво ќе ја набрчкате. Направете витки, намрсете ја со масло или парченца маргарин и печете на 220 степени.
Лиценца: Сите права се задржани