Лиснат зелник
Oд состојките се меси тесто со средна јачина, се меси подолго време да добиеме глатко тесто кое такаречено пука при месење, се остава да одмори, а за тоа време го биеме маргаринот.
Се дели на 2 дела тестото, долниот дел поголем, горниот помал, секој дел се дели на 8 топчиња. Oд секое се сука корче кое се премачкува со маргарин, се роси по малку густин, па се ставаат едно над друго - последната кора ненамачкана. Се става во пајнца и во фрижидер. Истата постапка е и за другиот дел од тестото на крај и таа оди во фрижидер.
Се премачкува плехот со маргарин, се вади првата - поголемка кора и се сука на работна површина со брашно, поголема од плехот за да се направи подоцна витка. Над кората се става фил (СИРЕЊЕ СО БЕЛКА) или било кој по избор, се вади втората кора и се сука најмногу што е можно, се поставува најгоре така да образуваме набори. Витката се прави на крај. Цел зелник по рабовите се премачкува со маргарин и се печи на 210 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови