Испечати

Видео рецепт: Домашни Баунти чоколади

Видео рецепт: Домашни Баунти чоколади

Состојки

  • За ПОЛНЕЊЕТО ќе ви треба:
  • 85 гр. шеќер
  • 50 гр. путер
  • 200 гр. слатка павлака
  • 200 гр. кокосово брашно
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
  • 100 гр. црно чоколадо
  • 80 гр. млечно чоколадо

Фичо, заедно со неговата гостинка Валентина, готвач член на нашата веб-страница, ќе подготват еден од нејзините најпопуларни рецепти, Домашни Баунти чоколади.

Подготовка

Чекор 1: Во садот за сос загрејте ја слатката павлака. Додадете ги шеќерот и путерот. Мешајте додека не се растопи шеќерот. Додадете го кокосот и ванилиниот шеќер и убаво промешајте.

Чекор 2: Смесата ставете ја на даска, завиткајте ја во фолија и измазнете ја со сукало. Смесата треба да е со дебелина од 2 сантиметри. Оставете ја во фрижидер да се стегне. Потоа исечете ја на правоаголници.

Чекор 3: Во сад на оган растопете го чоколадото и премачкајте ги со четка сите коцки.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Преливот може да го направите со чоколадо по желба, но препорачуваме да ставите црно чоколадо, за подобро да се стегне.