Овде на топлото чоколадо му додаваме малку ликер. Овој напиток ќе Ви ја згрее душата во студените зимски ноќи.
Готвиме заедно со Кејт од американската слаткарница К8 во Старата чаршија.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 пакување топло чоколадо
  • 30 милилитри ликер од ментол
  • Шлаг за декорација

Вид на оброк: Пијалок
Комплексност: Лесно
Лица: 6
Време на подготовка: до 30мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола.

Подготовка

Чекор 1: Сварете го топло чоколадо како што е опишано на пакувањето и потоа сипете го ликерот и промешајте.

Сервирајте го со шлаг одозгора и уште неколку капки ликер.

Ако Ви се наоѓа, одозгора ставете и малку рендано чоколадо.

СОВЕТ: А како би било ликерот да го замените со зачин? Ставете малку чили во прав и ќе добиете топло чоколадо со чили.