Chocolate truffles најувкусните пралини
Е ова се навистина богати и највкусни пралини кои сум ги пробала и кои беа конзумирани со големо воодушевување кај моето семејство. Од нив произлегоа и многу други рецепти за пралини кои ќе ви ги претставувам во понатамошната дружба.
Подготовка
1. Во еден сад ги ставаме на тивок оган слатката павлака и путерот. Откако путерот ќе се стопи ја зголемуваме температурата и кога содржината ќе почне да врие ја тргаме од оган.
2. Ги додаваме коцките од чоколадо и мешаме додека потполно да се стопи.
3. Смесата ја делиме на три дела, во едниот ставаме рендана кора од ½ портокал, во другата печени мелени или дробени лешници, а во третата капучино во прав. 4. Смесата ја ставаме во фрижидер да се олади до тој степен за да може да се формираат бомбици.
5. Правиме мали топчиња, ги редиме и дел од нив валкаме во какао, дел ги прелеваме со глазурата од чоколадо, а дел ги валкаме во лешници. Излегуваат околу 40 пралини.
Забелешка
За глазурата го топиме на тивок оган чоколадото и додаваме неколку капки масло. Украсуваме со бело стопено чоколадо во кое сме ставиле нијанса розева прехрамбена боја.
Лиценца: Сите права се задржани