Долго барав рецепт за Струшки сарајлии какви пробав одамна. Е, овој е најпогоден до сега. Ми го даде Стружанка која има преубави и секогаш одлични традиционални рецепти.
Од сите состојки за тесто замесете меко, мазно и еластично тесто. Ставете го во еден сад, покријте со проѕирна фолија и оставете го да се удвои.
Сосема лесно премесете го тестото и поделете го на 12 - 16 парчиња и оформете ги во топчина.
На два плеха од шпоретот размачкајте го маслото. Секое топче извалкајте го во масло и оставајте ги во плехот.
Кога се сите намастени, секое развлечете го во врвца која ќе ја завиткате во спирала.
Наредете го сарајлиите во двата плеха, на секоја ставете по малку дробено сирење, а одоколу посипете со сусам. Покријте ги и оставете да стасаат.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Печете ги дваесетина минути додека лесно не заруменат.
За тоа време зовријте половина од водата со 1 лажичка сол и 1 лажичка маргарин. Прелејте преку сарајлиите и оставете да се допечат уште некоја минута.
Истото повторете го и со другиот плех.
Изладете ги на жица покриени со крпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани