Замесете средно тесто од брашното, квасецот, млекото, јогуртот, маслото, јајцата, солта и шеќерот и оставете да нарасне. Сирењето ставете го во сад и посолете по желба, а плехот за печење премачкајте го со маргарин. Од тестото расукајте правоаголна кора, премачкајте со маргарин, ставете од сирењето и завиткајте ролат. Сечете на парчиња од 2 цм и ставајте ги во плехот и оставете да нараснат.
Јас тестото го поделив на два дела за помали сарајлии.
Пред печење сарајлиите премачкајте ги со јајце и по желба наросете сусам. Печете на 180 степени додека не заруменат.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови