2
ное
2012
Мини сарајлии
Замесете средно тесто од брашното, квасецот, млекото, јогуртот, маслото, јајцата, солта и шеќерот и оставете да нарасне. Сирењето ставете го во сад и посолете по желба, а плехот за печење премачкајте го со маргарин. Од тестото расукајте правоаголна кора, премачкајте со маргарин, ставете од сирењето и завиткајте ролат. Сечете на парчиња од 2 цм и ставајте ги во плехот и оставете да нараснат.
Јас тестото го поделив на два дела за помали сарајлии.
Пред печење сарајлиите премачкајте ги со јајце и по желба наросете сусам. Печете на 180 степени додека не заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
за да ги пробаме
поззз
Оваа со јајцата во тесто дури сега укапирав зошто смесата ми дојде како недоволно течност во старт.Ама пошто не ме мрзеше се протегнав до фрижидер додадов млеко и свршив работа:)
Многу вкусни,ме потсеќаат на вртените погачки во пекарниците
Поздрав до тебе