15
окт
2014
Босански сарајлии
Прво квасецот со малку брашно, шеќер оставете го да втаса. Потоа се додаваат другите состојки за тесто и се замесува средно тесто.
Се оставаат да киснат 15 минути.
Потоа се дели на 20-25 топчиња.
Секое топче со намрсени раце се развлекува како молив, па се витка полжавче.
во средината на секое полжавче се става од филот од урда и јајце, а и не мора.
Се редат во плех и киснат 1 час.
Потоа во зделичка се растопуваат маргаринот со маслото и со четка секоја сарајлијка се премачкува.
Се ставаат во загреана релна и се печат околу 30 м на 200 степени.
Меки се како душа.
Лиценца: Сите права се задржани