23
фев
2015
Босански урмашици
Со миксер го матиме путерот со јајцата.
Откако ќе изматиме пенесто, го додаваме киселотот млеко и брашното.Продолжуваме да месиме со рака, се додека не добиеме меко лепливо тесто.
На набрашнето ренде, ги правиме шарките на урмашиците. Значи земаме од тестото по едно мало парче,па го притиснуваме на рендето.Откако ќе се направи шарката на урмашицата,ја редиме во намастен плех и веднаш печеме.
Додека се печат урмашиците,ние го вариме шербетот.
Значи во овој случај нема како кај баклавата, ладни колачи топол шербет. Тука се попаруваат урмашиците топли.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови