Струшки сарајлии
Долго барав рецепт за Струшки сарајлии какви пробав одамна. Е, овој е најпогоден до сега. Ми го даде Стружанка која има преубави и секогаш одлични традиционални рецепти.
Од сите состојки за тесто замесете меко, мазно и еластично тесто. Ставете го во еден сад, покријте со проѕирна фолија и оставете го да се удвои.
Сосема лесно премесете го тестото и поделете го на 12 - 16 парчиња и оформете ги во топчина.
На два плеха од шпоретот размачкајте го маслото. Секое топче извалкајте го во масло и оставајте ги во плехот.
Кога се сите намастени, секое развлечете го во врвца која ќе ја завиткате во спирала.
Наредете го сарајлиите во двата плеха, на секоја ставете по малку дробено сирење, а одоколу посипете со сусам. Покријте ги и оставете да стасаат.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Печете ги дваесетина минути додека лесно не заруменат.
За тоа време зовријте половина од водата со 1 лажичка сол и 1 лажичка маргарин. Прелејте преку сарајлиите и оставете да се допечат уште некоја минута.
Истото повторете го и со другиот плех.
Изладете ги на жица покриени со крпа.
Лиценца: Сите права се задржани
Изгледаат ептен вкусно, ќе имаме пак викенд со месено. :))
I jas se iznacekav za da vidam sto e toa na slikata,prekrasni se ....
Super izgledaat :)
само да прашам, за премачкување СОЛ или ШЕЌЕР?
во сосотојки стои сол, во подготовка шеќер, сакам да е шеќер :) :) :) :)
Eeee, a ti sakas :)))
додека те чекав тебе фукнав шеќер :) :) :) :)
мене ми беа супер. тестото е исто како она со кое ние правиме леб секој ден, само без маслото. излгеда ќе почнам и масло во лебот да ставам :) :) :) :)
повели глупа слика. знаев дека морам да сликнам набрзинка, немав време да вадам тешка артилерија, едвај останаа, а само двајца сме дома. младунче почна да да ждере ко возрасен, па ќе се вадиме на него :) :) :) :)
So da pravam, vratata od rabota ne mozam da ja zatvoram...
Dobro de, za drug pat znaes :)))
Vazno se potrosija :) Ne se vadi na deteto, ovde za site se se znae.....
моите се аристократски, бледи :) :) :) :)
види и со шеќер не беа лоши. мене таман ми беа, да има мала промена на вкус. сакам такво тесто. шеќерко промрче, ама па не го видов да го врати јадењето :) :) :) :)
Velis za prelivot treba 200 ml voda, a da se zovrie polovinata... a sto so drugata polovina? Ili sluzi za drugiot pleh... Nikogas nemam praveno kifli so vakov preliv, moram da gi probam.
Da, vtorata polovina od sostojki za preliv, za vtoriot pleh e...
Jas Jule godini tragav po receptot, i izgleda tajnata sostojka prelivot e, bev mnogu nesigurna prviot pat koga go upotrebiv, si mislev ke mi go zgletavi testoto, ama ne.... Vlaga ne se primetuva, a samoto pecivo dobiva poinakva tekstura... Mozi ke ti se bendisa... :)
Pomini si najubavo, odmori se i nauzivaj se, za "kiflici" sekogas ke se najdi vreme :)))
Fala ti mnogu sto go isproba, sto go pofali, a i so slikicki sto mi go zbogati receptot :))
Ic ne sakam koga mi se pletkaat vo kujnata i na minutata prasuvaat "Uste kolku ?"