За мојот 100 рецепт решив да ве послужам со овие стаклени топчиња.
На оган ставете ја павлаката, маргаринот и шеќерот во прав, на не многу јака температура. Нека се соедини сето и тргнете го од оганот, нека се излади. Смоквите или ситно исецкајте ги или сомелете ги. Ставете ги во павлаката, додајте ги сомелените ореви, бисквитите и кората од портокалот. Ставете ја смесата во фрижидер добро да се стегне. Од неа правете топчиња, кои од едната страна ќе ги макнете во карамелот.
За карамелот, на слаба температура ставете го шеќерот во едно тенџерче да се стопи и да добие боја на карамел. Исклучете ја ринглата и одма додека е топол макајте ги топчињата. Внимавајте да не се ги изгорите прстите. Ако се излади во текот на работата, повторно загрејте го.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови