Се замесува меленото месо, ситно ренданиот компир, 3 белки, зачините, презлата, зејтинот и пецивото во компактна смеса и се остава во фрижидер околу 2 часа да се спојат зачините. Кашкавалот ситно се ренда и се меша со трите жолчки.
Од смесата се зема малку во рака се формира топче на кое во средината со прст се прави вдлабнатина и вдлабнатината се полни со смесата со кашкавал. Топчињата се редат во подмачкан плех и се печат околу 30-40минути на 180
Овие полнети ќофтенца се доста вкусни, без познатиот мирис при пржењето и доста се декоративни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално