30
окт
2013
Чорба од леќа со месни топчиња
Есен и време за топли супи и чорби. Периодов пробав нова чорба со леќа за првпат доби позитивни оценки дома.
Месото мелено малку се соли и црн бибер по вкус, па можи и други зачини кои си ставате. Се прават топчиња, се пржи малку на жешко масло, после се става дробен кромид морков, лук,малку да се запржат и тие. Се става и леќата измиена, пашканат, вода се става, коцка за супа ,куркумата и нека се вари заедно 30мин. После тоа се вадат настрана месо-топчињата со пасер се миксира зеленчукот колку сакате можи целосно или некое парче нека си остани. Се враќаат назат топчињата и чорбата е готова по 15 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови