Месни топчиња со кашкавал
Состојки
- 500гр млено месо(мешано свинско-телешко)
- 3-4 варени компири
- 2главици рендан кромид
- 3 јајца
- 2чешниња лук
- 1мал филџан зејтин
- 2лажици вегета
- 1лажичка црн бибер
- 150гр ситно рендан кашкавал
- 5-6лажици презла
- 1/2 пециво
Подготовка
Се замесува меленото месо, ситно ренданиот компир, 3 белки, зачините, презлата, зејтинот и пецивото во компактна смеса и се остава во фрижидер околу 2 часа да се спојат зачините. Кашкавалот ситно се ренда и се меша со трите жолчки.
Од смесата се зема малку во рака се формира топче на кое во средината со прст се прави вдлабнатина и вдлабнатината се полни со смесата со кашкавал. Топчињата се редат во подмачкан плех и се печат околу 30-40минути на 180
Овие полнети ќофтенца се доста вкусни, без познатиот мирис при пржењето и доста се декоративни