Стаклени топчиња
За мојот 100 рецепт решив да ве послужам со овие стаклени топчиња.
На оган ставете ја павлаката, маргаринот и шеќерот во прав, на не многу јака температура. Нека се соедини сето и тргнете го од оганот, нека се излади. Смоквите или ситно исецкајте ги или сомелете ги. Ставете ги во павлаката, додајте ги сомелените ореви, бисквитите и кората од портокалот. Ставете ја смесата во фрижидер добро да се стегне. Од неа правете топчиња, кои од едната страна ќе ги макнете во карамелот.
За карамелот, на слаба температура ставете го шеќерот во едно тенџерче да се стопи и да добие боја на карамел. Исклучете ја ринглата и одма додека е топол макајте ги топчињата. Внимавајте да не се ги изгорите прстите. Ако се излади во текот на работата, повторно загрејте го.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ostanav voodusevena od izgledot na topcinata!!! Pravo dzamlii !!
Ti cestitam za jubilejniot broj recepti, site cekame uste mnogu novini od tvojata kujna :)))
честитки и благодарност од нас за 100-тиот рецепт.
Кога го видовме, прво се мислевме дали е ова навистина нешто за јадење, се воодушевувавме на сликата, пробувавме да видиме што има под стаклото :)
А самиот рецепт си ја кажува приказната, да се заокружат 100 рецепти на Јулијана - сите со прекрасна презентација, сите бликаат од радост за успешно приготвеното јадење и навистина мамат да се обидеш да ги направиш.
Се` уште не сме разграничиле каков тип на кујна е омилен на Јулијана, бидејќи таа ги допира најразличните интернационални кујни, а од друга страна дава прецизни рецепти за секојдневни јадења од нашето поднебје.
Сепак, ќе си дадеме за право да кажеме, дека за нас таа е најпрепознатлива по откривањето на малите тајни во кујната за навидум едноставни јадења - како совршен домашен помфрит, кифли за хот дог, но и домашно гиро. А кога е во прашање тесто, сметаме дека за неа нема никаква тајна :)
Се надеваме дека уште долго ќе се дружиме со тебе и твоите рецепти.
А како награда ти пдоаруваме Делимано Трио сет.
Искрено, МоиРецепти
Pozdrav Jule... i kazav jas vo moeto intervju... koga pocnav da lutam po internetot - prvo sto zabelezav bese mnooogu ubavo izraboteno testo... prepisav, napraviv (togas ic neznaev da se snaogam so komjuter i internet) odposle vidov deka se raboti za nas covek, i taka si trgnav po tebe ...zavrisiv ovde... Blagodaram za site tvoi prekrasni raboti sto gi podeli so nas i posakuvam ponatamu golema i dolga druzba- ubavo rece nekade - Druzbata vredi poveke od milion - Bravo za tebe!
Lile so tebe si se druzime godini nanazad i za toa sum ti mnogu blagodarna :)
Vo vrska so receptot, so karamelot, mozebi naredniot den nema da omekne, ama sepak ne trae mnogu vreme, 2-3 dena...
Ти посакувам уште многу,многу успеси и весели дружби со нас!
Љубица
Sto da vi kazam... dovolno e samo ako recam deka mi ja razgalivte dusata so vasite komentari, golemo zadovolstvo e da se slusnat tolku pofalni zborovi i od timot na Moi recepti i od site vas... zasto stranicava ne ja pravat samo receptite, stranicava ja pravat lugjeto :)
Jas go obozavam gotvenjeto, zatoa sum i desetina godini sekojdnevno prisutna na internet stranicite za gotvenje, da spodelam no i da naucam nesto novo. Mnogu mi bese milo koga ja otkriv ovaa nasa stranica, koj saka neka rece, sepak e podobro koga si megju svoi lugje. Ovaa stranica ima dusa, ima ljubov vo nea, a ljubovta e glavna sostojka na gotvenjeto ke se slozite...
nekoi od vas gi zapoznav vo zivo, nekoi se nadevam ponatamu, ama vo sekoj od nas se krie nekoj majstor, od sekogo ovde moze dosta da se nauci.
Браво:))
A za tebe nema sto da se kaze ,se se znae koga ke ti se vidi profilot....