Многу вкусни, брзи за правење, а убави колачиња.

Во мала касерола на оган се става шеќерот на тивко да се карамелизира.
Се додава лажицата мед и се промешува.
Се додаваат исецканите со ноже бадем, орев, бразилски орев.
Се промешува да се соединат, односно парченцата да се налепат со карамелот.
Одма со помош на 2 лажичиња се ставаат во хартиени кошнички кој се наредени на послужавник.
Работете брзо, бидејќи брзо и се стегнуваат.
Уживајте во прекрасниот вкус.

Во оргиналниот рецепт стои 75 гр фстак, бидејќи немав ставив бразилски орев.
( а знам Теофанија си има и ќе си ги направи со нив)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани