27
јун
2015
Крцкавци од сусам (Sezam lavosh)
Посни, вкусни крцкавци со сусам.
Во оргиналниот рецепт немаше во состојките сончогледовите семки, но јас ставив и одлични беа крцкавциве.
Прво во вангличка се ставаат сите суви состојки и постепено се додаваат сусамовото и маслиновото масло.
Се промешува и се додава водата.
Се замесува тесто, кое не треба да е лепливо.
Од додбиеното тесто се сучи кора, со форма по желба се вадат фигури, се редат во ненамастена тава и се печат 20 минути на 180 степени.
Одлично одговараат со некој дип по сопствена желба.
Лиценца: Сите права се задржани