Испечати

Крцкавци од сусам (Sezam lavosh)

Крцкавци од сусам (Sezam lavosh)

Состојки

  • 250гр интегрално пченично брашно
  • 50гр бело брашно
  • 2 лажици сусам
  • 1 лажиче оригано
  • 1 лажица сусамово масло
  • 1 лажиче сол
  • 130мл вода
  • 60мл маслиново масло
  • 1/4 лажиче пециво
  • 2 лажици мелени сончогледови семки (по вкус)
  • 1 лажиче ленено семе

Подготовка

Посни, вкусни крцкавци со сусам.
Во оргиналниот рецепт немаше во состојките сончогледовите семки, но јас ставив и одлични беа крцкавциве.
Прво во вангличка се ставаат сите суви состојки и постепено се додаваат сусамовото и маслиновото масло.
Се промешува и се додава водата.
Се замесува тесто, кое не треба да е лепливо.
Од додбиеното тесто се сучи кора, со форма по желба се вадат фигури, се редат во ненамастена тава и се печат 20 минути на 180 степени.
Одлично одговараат со некој дип по сопствена желба.