30
мар
2020
Солен колач со суви домати и тиквичка
Многу вкусен, миризлив солен колач.
Едноставно се прави, ставете ги јајцата, маслото, изренданата тиквичка, издробеното сирење, киселината, пецивото и убаво измешајте. Потоа додадете ги зачините, сувите домати исечкајте ги, магдоносот и власецот исто така, морковот изрендајте го, а биберот и лукот во прав по вкус. убаво измешајте и печете во долг кајап за леб. Мојот е малку подолг па колачот не е многу висок, а вие можете да печете во калап каков што имате.
Се пече на 200 степени отприлика 45 минути, со тоа што некаде на половина време покријте го со фолија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови