Солен тарт со моцарела, маслинки, сланина и шери домати
Предлог за нешто многу вкусно, за вашата празнична трпеза.
Пробајте го....
Во брашното додадете го прашок за пециво, сол, мнооогууу малку свеж квасец, колку зрно леблебија, и ладен путер исечен на ленти.
Додаваме и ладно млеко и набрзина замесуваме тесто.
Го обликуваме тестото во топка и го оставаме го во фрижидер околу 45 минути.
Потоа расукајте го тестото и префрлете го во калапот , (треба да се печи во калап бр 26, но јас користев округла тава за пица бр 30,) бидејќи сакам да ми е потенок и покрцкав,
Потоа со вилушка го боцкаме малку тестото и го ставаме во рерна загреана на 190 ° Ц
Печиме така околу 15 минути.
Во сад изматете ги јајцата и павлака со жица за матење, додадете исечен босилек и исцедени од течноста брикети спанаќ
Сега набрзина го вадиме плехот од релна, врз полупеченото тесто на површината нанесуваме сецкани црни маслинки, парченца чадена сланина, ленти моцарела,шери домати
Е сеа јас користев од моите шери домати, кои се со масло и со ароматични зачини.
Вие до колку немате такви, може да користите свежи половинки на шери домати.
Веднаш врз така наредените состојки го нанесуваме преливот рамномерно.
Го допекуваме тартот, одприлика уште 20 минути на-250 с
Сервираме топло....иии уживаме.
Забелешка- во принцип во тесто за тарт не се става квасец, но мене така тестото ми е поубаво, ставам мноогу малку, значи не е задолжително.
Лиценца: Сите права се задржани
I taka sme samicki
Ke si krkame zaedno
Jas ke Te gostam drugarkite