Превкусно топло предјадење е мојот денешен предлог. Нека ја збогати вашата празнична трпеза. Од состојките може да се направат 6, односно ќе бидат 3 големи плескавици како моите, или може да се направат 8, односно 4 плескавици.

Подготовка:

1. Прво излупениот компир го вариме во малку посолена вода. Ја истураме водата и оставаме малку да се просушат 10,15 минути. Потоа го пасираме. Додаваме бибер, јајце, брашно, пециво, кашкавал, сирење и перца од 2 млади кромидчиња. Смесата убаво ја соединуваме.
2. Дланките ги намастуваме со масло. Земаме од смесата една топка, ја растанчуваме на лист хартија за печење, кој е поставен во тава. На тој начин ги формираме плескавиците. Танко ги премачкуваме со масло.
3. Вака ги печeме околу 15-17 минути во загреана рерна. За тоа време ја сечеме моцарелата на ленти, а сланината на траки.
4. Ја вадиме тавата од рерната. Врз 3 плескавици ставаме моцарела. Со помош на шпатула ги земаме другите 3 плескавици, внимаваме жешки се, и ги поклопуваме оние со моцарела. Одозгора на секоја, пак, ставаме моцарела и сланина. Допекуваме во рерна уште 15 минути, да заруменат. Внимателно ги сервираме на чинија и ги послужуваме топли.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани