Подготовка

Многу вкусно топло предјадење
Пробајте го
1. Прво пиперките ги печиме и ги оставаме во кеса да се изладат. Ги лупиме и им го отстрануваме семето.
2. Во сад ги соединуваме младото сирење и јајцето. Зачинуваме. Сега внимателно ги полниме пиперките со подготвената смеса.
3. Во ватростален сад, дното го покриваме со доматен сос. Врз него ги редиме полнетите пиперки.
Попрскуваме сусам, редиме парчиња моцарела и маслинки. Гратинираме во загреана рерна околу 30 минути. По желба наросуваме сецкан магдонос. Сервираме топло.
Може да биде лесен ручек или вечера.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани