Испечати

Гратинирани, печени пиперки со моцарела

Гратинирани, печени пиперки со моцарела

Состојки

  • 6 печени капија пиперки
  • 300гр младо сирење
  • 1 поголемо јајце
  • Сол и бибер по желба
  • 125гр моцарела
  • Сусам
  • Доматен сос, околу 100 мл
  • Каламата маслинки

Подготовка

Подготовка

Многу вкусно топло предјадење
Пробајте го
1. Прво пиперките ги печиме и ги оставаме во кеса да се изладат. Ги лупиме и им го отстрануваме семето.
2. Во сад ги соединуваме младото сирење и јајцето. Зачинуваме. Сега внимателно ги полниме пиперките со подготвената смеса.
3. Во ватростален сад, дното го покриваме со доматен сос. Врз него ги редиме полнетите пиперки.
Попрскуваме сусам, редиме парчиња моцарела и маслинки. Гратинираме во загреана рерна околу 30 минути. По желба наросуваме сецкан магдонос. Сервираме топло.
Може да биде лесен ручек или вечера.
На здравје