26
сеп
2020
Моцарела во корнфлекс со пире од грашок и печени чери домати
Идеја за ручек која верувам дека ќе ви се допадне.
Најпрво се ставаат чери доматите во тава за печење, се посолуваат и се печат околу 20 минути на 180°.
Излупениот компир и грашок да се варат, а во меѓувреме ја цедиме моцарелата и ја сечиме на кругчиња. Најпрво ја валкаме во брашно, па во јајце и на крај во корнфлекс. Ја пржиме во загреано масло неколку минути или додека зарумени.
Во садот со исцедениот и сварениот компир и грашок ги додаваме жолчката и путерот, насолуваме и мешаме со блендер само малку да не биде мазна смеса.
Декорираме по желба.
Лиценца: Сите права се задржани