Пангата е спремена во рерна, ама некако долго ми беше името за да го ставам и тоа во наслов, па еве веднаш на почеток во кратко за што станува збор.

Корнфлексот ставен во најлонска кеса се чука со чук да се подиситни, настрана се спрема смеса од вода, брашно, сенф и зачини. Секоја филета се накиснува во неа па се валка врз корнфлекс.
Вака припремени парчињата се редат во огноотпорен сад, се попрскува масло одгоре и се печат во рерна на 200, да се зацрвенат. Добиениот резултат е риба со посна внатрешност и крцкава кора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови