Солен колач со суви домати и тиквичка
Состојки
- 2 јајца
- 1 средно голема тиквичка
- 300 гр брашно
- 2 лажици јаболкова киселина
- 5 лажици маслиново масло
- 1 лажичка пециво
- малку суви домати
- 100 гр сирење
- исечкани маслинки по вкус
- 1 помал морков
- зачини бибер, магдонос, власец, лук во прав
Подготовка
Многу вкусен, миризлив солен колач.
Едноставно се прави, ставете ги јајцата, маслото, изренданата тиквичка, издробеното сирење, киселината, пецивото и убаво измешајте. Потоа додадете ги зачините, сувите домати исечкајте ги, магдоносот и власецот исто така, морковот изрендајте го, а биберот и лукот во прав по вкус. убаво измешајте и печете во долг кајап за леб. Мојот е малку подолг па колачот не е многу висок, а вие можете да печете во калап каков што имате.
Се пече на 200 степени отприлика 45 минути, со тоа што некаде на половина време покријте го со фолија.