Солен тарт со шери домати
Подготовка:
1. Во вангличка ги ставаме сите состојки за тестото, набрзина го замесуваме, го завиткуваме во прозирна фолија и го оставаме во фрижидер да одстои 30 минути.
2. Во сад ги соединуваме сите состојки за преливот. Сега тестото го расукуваме врз лист хартија за печење, со големина кај мене на тава број 26. На неколку места го боцкаме тестото со вилушка и го ставаме во загреана рерна, да се запече. Околу 15 минути.
3. За тоа време си ги подготвуваме останатите состојки. Набрзина го вадиме тестото од рерната, го нанесуваме преливот, редиме половинки шери домати, листови босилек и чили пиперче.
4. Ја ставаме тавата во рерната и допекуваме уште 20,30 минути, на 180 степени.
Испечениот тарт го оставаме на решетка да се излади, потоа сечеме на парчиња и сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани