Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата.
Додајте го млекото и магдоносот, посолете и наросете малку црн бибер.
Додајте го брашното измешано со пецивото и убаво изматете да не останат грутки.
Во тава на оган ставете малку масло и додајте го сецканиот кромид.
Пржете додека кромидот омекне и додајте ги доматите од конзерва претходно исецкани на мали парчиња, пиперките(претходно испечени) исецкани на мали парчиња, виното, шеќерот и инчуните.
Промешајте и оставете да покрчка на тивок оган 5-10 минути.
Откако ке прокрчка тргнете ја тавата од оган и смесата претурете ја во смесата од јајца.
Убаво соединете ја смесата и истурете ја во капал за плумкејк премачкан со масло.
Одозгора низ целиот колач нанесте ја рикотата.
Печете на 180 степени, 45 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани